По долго чекање, Sony на гејмерите конечно им го покажа дизајнот на новата, петта генерација на конзолата PlayStation, заедно со низа фантастични наслови на игри кои стигнаа со неа.

PlayStation 5 има црно јадро опкружено со заоблена бела рамка од под која ѕирка сино светло. Конзолата доаѓа заедно со држач на кој стои вертикално. Конзолата може и да се продолжи, при што ефектот на синото светло не е толку силен.

Во пакет со PS5 доаѓаат и елегантно дизајнирани џојстици, држачи за џојстици, слушалки, далечински управувач, полнач и безжичен хедсет.

Во поглед на игрите, со PS5 стигнаа и две продолженија на најпродаваните изданија за PS4 – Spider-Man: Miles Morales и Horizon: Forbidden West. Меѓу останатите истакнати наслови се Grand Turismo 7 и долго очекуваната хорор игра Resident Evil 8.

„Иако има уште многу неодговорени прашања за PS5, како цената и датумот кога ќе се појави во продажба, сметам дека Sony направи сѐ што е потребно при откривањето на изгледот на нов уред“, смета Лора Кејт Дејл, познат интернет критичар на игри и гејмерска технологија.

Гејмерите на социјалните мрежи имаат поделено мислење за изгледот на новата конзола. Некои сметаат дека изгледа како Wi-Fi рутер, а други се задоволни од промената на дизајнот, па дури и ја нарекоа конзолата „секси“.

Новата машина на Sony ќе стигне на пазарот кон крајот на годината, заедно со ривалот од Microsoft – конзолата Xbox Series X.