Компанијата Electronic Art во ноември 2019 ја претстави играта Need For Speed Heat која е достапна за PC, PlayStation 4, Xbox One, а сега пристигна кратка најава за продолжението.

На YouTube е објавен тизер кој ни открива што може да очекуваме од новата NFS која ќе се појави наредната година. Во тизерот може да ги видите Nissan 180SX од 1996 година и Porsche 911 GT3 RS кои изгледаат одлично.

ЕА во наредните месеци ќе објави уште тизери за видеоиграта.