Agent 47 се враќа во Јануари 2021 со најновото продолжение на франшизата HITMAN. Овој пат новата локација на Agent 47 e Дубаи.

“Како што знаат нашите HITMAN фанови, локациите во нашите игри секогаш се изградени според барањата на нашите играчи. Hitman 3 не е во ништо поразличен.” – изјави Travis Barbour извршен директор на IO Interactive за блогот на Playstation.

“Всушност нашата следна игра ги охрабрува играчите да истражат и да комуницираат со светот на играта на нови начини како што беше случај и со претходните Hitman игри. Сакаме оваа игра да биде тактичка и сакаме нашите играчи да ги почуствуваат нивните постапки кои што ќе имаат влијание во самиот развој на настаните во играта.”

Barbour изјави дека и локациите од претходните верзии на Hitman 2 ќе се пренесат во третиот дел, со што целата трилогија ќе може да се игра во Hitman 3.

HITMAN 3 ќе биде достапна во Јануари 2021 за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X, Xbox One и PC.

Повеќе информации за новите авантури на Agent 47 можете да најдете на официјалниот веб сајт hitman.com .